Принцезата Евгенија го доби домот на Меган Маркл и Хари: Тие не планираат никогаш да се вратат во Велика Британија!

Profimedia

Ако принцот Хари и Меган Маркл посакаат да се вратат во Лондон, барем за кратко време, треба да бараат нов дом за нивното тричлено семејство. Нивната британска резиденција Колибата Фрогмор во Виндзор, изградена во 1801 година според директивите на тогашната кралица Шарлот, сега има нови станари. Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк се преселија во нивниот дом.

Принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк се преселија во колибата Фрогмор во Виндзор, британска резиденција сопственост на војводата од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, потврди извор познат на порталот Пипл.

Фото: Инстаграм

 

„Колибата Фрогмор е приватна резиденција на војводата и војвотката од Сасекс, па какви било измени и настани ги засегаат нив“, изјави за „Пипл“ портпарол на Бакингемската палата, додавајќи дека во вилата на Фрогмор ќе останат Меган и Хари, кои го замениле Лондон со Лос Анџелес.

Меган и Хари, наводно, се среќни што можат да ја отстапат нивната неискористена британска резиденција на братучетката на Хари, принцезата Евгенија, помладата ќерка на принцот Ендру и нејзиниот сопруг Џек со кого го чека своето прво дете.

Војводите од Сасекс со нетрпение ги очекуваат Евгенија и Џек да уживаат со нивниот мал наследник токму во нивниот дом, а веста за преселбата на принцезата и нејзиниот сопруг прв ја откри „Сан“. Според познатиот портал, потегот се случил преку ноќ, па може да се заклучи дека младенците не сакале да го привлечат вниманието на медиумите, но не успеале во тоа.

Фото: Инстаграм

Јавноста заклучи од ова дека Меган и Хари немаат намера да се враќаат во Велика Британија. Кралската двојка неодамна уплати скоро 94 милиони долари за луксузен имот во Монтечито, Лос Анџелес, додека Евгенија и Џек досега живееја во резиденцијата Ајви Котиџ, дел од палатата Кенсингтон.

Да потсетиме, Војводите од Сасекс неодамна мораа да ги покријат сите трошоци за обнова на колибата Фрогмор, која чинеше околу три милиони долари. Иако трошоците по кралската венчавка првично ги сносиле даночните обврзници, кралицата Елизабета Втора одлучила дека мора да го вратат тој долг по нивната контроверзна одлука да се повлечат од кралското семејство и да се откажат од сите кралски должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот