Принцот Вилијам проговори за првпат откако Кејт објави дека е во ремисија: Испрати важна порака до медицинскиот персонал
Принцот Вилијам ја изрази својата благодарност за извонредната работа на здравствениот персонал, при посетата на конференција за итна и интензивна нега во Бирмингем – што е негово прво појавување откако Кејт Мидлтон објави дека е во ремисија, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Вилијам се врати на кралските должности откако беше објавено дека ќе биде назначен за покровител на Колеџот за медицински сестри. Принцот од Велс беше виден како пристигнува во Центарот за конференција и настани во Бирмингем за конференцијата за итни случаи и интензивна нега. Говорот го посвети на поддршка на службите за итни случаи при донесување ефективни одлуки под притисок.
„Благодарам, убаво е што се вратив, како и секогаш“, му рекол Вилијам на човекот кој го пречекал на влезот во салата.
Тој изгледаше многу отмено во црн тесен капут, а се одлучи и за елегантен црн костум, бела кошула, тегет вратоврска и кафени мокасини од велур. За време на неговата посета на настанот, Вилијам се смееше и разговараше со разни болничари од различни области на Велика Британија.
Инаку вчера, принцезата проговори во јавноста и рече дека е „и олеснало што сега е во ремисија“ од ракот, додека им се заблагодаруваше на персоналот во болницата Кралската Марсден за нивната „исклучителна“ грижа.


