Принцот Хари и Меган наградени за одлуката да немаат повеќе од две деца

меган и хари
ФОТО: Profimedia

Меган Маркл и принцот Хари добиле награда за ограничување на семејството на две деца, по раѓањето на нивната ќерка Лилибет Дијана, пренесува „Mirror“.

На војводата и војвотката од Сасекс им била доделена чест за донесувањето на „просветлената одлука“ да немаат повеќе деца и како резултат да го намалат нивното влијание врз животната средина, рекла добротворната организација „Population Matters“.

Меган и Хари го дочекале бебето Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор на 4 јуни, по раѓањето на нивниот син Арчи на 6 мај 2019 година.

„Во изборот и јавното изјаснување за намерата да го ограничат своето семејство на две деца, војводата и војвотката од Сасекс помагаат да се обезбеди подобра иднина за своите деца и да се обезбеди пример за другите семејства“, рекол портпарол на организацијата.

„Помало семејство го намалува нашето влијание врз Земјата и обезбедува поголема шанса за сите наши деца, нивните деца и идните генерации да процветаат на здрава планета. Ние ги пофалуваме војводата и војвотката што ја донесоа оваа „просветлена одлука“ и потврдија дека помалото семејство е исто така среќно семејство“, продолжил тој.

Хари ја спомнал својата намера да има не повеќе од две деца за време на разговорот со д-р Џејн Гудал во списанието „Vogue“ во 2019 година.

За време на интервјуто, тој рекол дека Земјата е „позајмена“, додавајќи: „Сигурно, толку интелигентни како што сме сите, или еволуирани како што би требало да бидеме сите, треба да можеме да оставиме нешто подобро за следната генерација “

На Хари и Меган им била доделена наградата со уште девет други лица, за одбележување на „Светскиот ден на населението“ во „ООН“ во саботата.

Секој примател добивал донација од 500 фунти за добротворна организација по свој избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот