Принцот Ендру се спаси: Се спогоди и нема да одговара за сексуална злоупотреба

Принцот Ендрју, Вирџинија Џуфре и Жислејн (Гислејн) Максвел /Profimedia

Принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнаа спогодба за нејзината тужба за сексуална злоупотреба против него и ќе го отфрлат случајот поднесен во федералниот суд на Менхетен, јавија британските медиуми.

Во документот доставен до американскиот суд се вели: „Вирџинија Џуфре и принцот Ендру постигнаа вонсудска спогодба. Страните ќе поднесат условено отпуштање по приемот на спогодбата од страна на г-ѓа Џуфре (чија сума не се открива)“.

„Принцот Ендру има намера да направи значителна донација во добротворната организација на г-ѓа Џуфре за поддршка на правата на жртвите. Принцот Ендру никогаш немал намера да го омаловажи ликот на г-ѓа Џуфре“.

„Познато е дека Џефри Епштајн тргувал со безброј млади девојки во текот на многу години. Принцот Ендрју жали за неговата поврзаност со Епштајн и ја пофалува храброста на г-ѓа Џуфре и другите преживеани во залагањето за себе и за другите“ се додава во соопштението.

„Тој вети дека ќе го покаже своето жалење за неговата поврзаност со Епштајн со поддршка на борбата против злото на сексуалната трговија и со поддршка на нејзините жртви“, стои на крајот од документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот