Profimedia

Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот – Но, до парите не може да дојде…

Принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, „вреди“ значително повеќе за британската економија дури и од нејзиниот постар брат принцот Џорџ, идниот крал.

Видеото во кое се објаснува дека принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот стана вирално за кратко време. Наводите според кои таа „вреди“ дури пет милијарди долари привлече големо внимание, но во реалноста таа има многу мала корист од тоа.

Имено, станува збор за сумата што се проценува дека потенцијално вреди за британската економија, најмногу во контекст на тоа што и се предвидува дека во иднина ќе стане модна икона и еден од најзабележителните членови на кралското семејство.

За споредба, во истиот контекст, вредноста на нејзиниот една година постар брат Џорџ и идниот крал се проценува на три милијарди долари, а вредноста на шестгодишниот принц Луис е меѓу 70 и 125 милиони долари.

Но, до парите не може да дојде…

– Принцезата Шарлот зема „парче од колачот“ на целото семејство и затоа вреди неверојатни пет милијарди долари. Заслугата за тоа најмногу има нејзиното модно влијание“, пишува Reader’s Digest и додава:

„Со оглед на тоа што кралските наследници никогаш не добиваат наследство „на рака“, ниту имаат работа на која би заработиле пари, нивното богатство се мери според вредноста што ја носат во британската економија.“

Споменатото вирално видео се повикува токму на овој податок, додавајќи дека деветгодишното девојче вреди повеќе од сите Кардашијан заедно, посочувајќи дека нема побогато дете на светот.

Но, Шарлот нема да има многу од тоа во секојдневниот живот бидејќи не може да профитира од својата титула. Во иднина, таа најверојатно ќе стане работен член на кралското семејство, па дури и да ги напушти кралските должности, никогаш нема да може целосно да го искористи својот економски потенцијал.

Сличен феномен покажува и примерот на Меган Маркл – за времето поминато во кралското семејство важеше за модна икона, но дури по напуштањето на кралските должности можеше приватно да ја „наплати“ својата слава.

Нето вредноста на принцот Хари, пак, се проценува на, во овој контекст, многу скромни 10 милиони долари, а најголем дел е наследството на неговата мајка, принцезата Дијана.

Како заработуваат членовите на кралското семејство?

А, ако се прашувате како членовите на кралското семејство воопшто доаѓаат од пари, кога не можат да профитираат од своите титули, одговорот лежи во профитот што го собираат од своите имоти. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам главно живеат од приходите што ги заработуваат од нивните различни работи во Војводството Корнвол, кои изнесуваат околу 30 милиони долари годишно.

@deareslottedits

IB: my fyp 🥲 | bet you can’t name one | #PRINCESSCHARLOTTE #richestkidsintheworld #zyxcba #fyppp @Carol ☻︎ @𝗔𝗔𝗟𝗜𝗬𝗔𝗛 @𝗖𝗵𝗮𝗻𝘁𝗲𝗹𝗹𝗲 ౨ৎ @𝗰𝗮𝗶𝘁𝘆𝘆౨ৎ @𝑮𝒊𝒂 @ೀDudsೀ @𝓐𝓷𝓪𝓼𝓽𝓪𝓼𝓲𝓪✿︎ @𝐂𝐡𝐚𝐫𝐥𝐨𝐭𝐭𝐞✰ @Alice•charlotte’s fan @AUR3L1A‼️💕 @𝑨𝒎𝒚 ౨ৎ @𝒜𝓁𝒶𝒾𝒶♡︎ @𝘽𝙚𝙡𝙡𝙖 ★ @Emma ౨ৎ @Elvira 𝜗𝜚 @𝐄𝐥𝐞𝐚𝐧𝐨𝐫𝐞!౨ৎ @𝗘𝗺𝗶𝗹𝘆 ౨ৎ @𝙴𝚕𝚕𝚊˚⋆୨୧⋆ @𝖮𝗌𝖼𝖺𝗋𐙚 @ʙʀɪᴛᴛɪꜱʜʀᴏʏᴀʟꜱ ✶ @𝙄𝙨𝙡𝙖☆

♬ original sound – Evangeline ౨ৎ – Evangeline ౨ৎ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот