Прилепското стопанство не отпушта работници
Мерките ќе го поддржат најнеопходното во овој момент -ликвидноста на компаниите, истакна Ирена Јакимоска од прилепската Регионална стопанска комора.
На принуден платен одмор се прилепчани кои работат во компанијата „Кромберг и Шуберт”. Помагаме каде е најпотребно, а се преструктуираме за работа на заштитни средства, изјави денеска претседателот на прилепската Регионална стопанска комора Ирена Јакимоска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јакимоска ги поздравуви мерките на Народна банка за одложување на ратите на кредитите на правните и на физичките лица што значи поддршка на ликвидноста на компаниите.
-Во овој момент нема испуштања од работа на вработените во прилепските компании. Единствено што на принуден одмор се вработените прилепчани во компанијата „Кромберг и Шуберт” кои немаат репроматеријали . Во „Конфи ангел” нема да има отпуштање на вработените и очекувам тоа да го следат другите компании. За предложените мерки за стопанството дополнително на ниво на Стопанска комора на Македонија ќе се разговара, сѐ е во предлог-фаза, ги поздравуваме мерките на Народната банка како одложување на враќањето на главнината од кредитите на правните и на физичките лица во земјава. Тоа ќе го поддржи најнеопходното во овој момент -ликвидноста на компаниите, истакна Јакимоска.


