Приказната за 15 сантименти и како „Адидас“ остана без милијарди долари поради Џордан

Првите две епизоди од документарниот филм „Последниот танц“ го вратија Мајкл Џордан во центарот на вниманието на јавноста во САД.

Освен кошаркарскиот талент кој го направи најдобар кошаркар во историјата, Мајкл Џордан има уште еден талент – тој е машина за правење на пари.

Магазините „Форбс“ и „Бизнис инсајдер“ неговото погатство го проценуваат на 1.9 милијарди долари со што е меѓу 500. најдбогати луѓе во САД и меѓу 1.500. најбогати луѓе во светот.

Овој податок е уште поимпресивен доколку се знае дека Џордан за време на својата 16-година НБА кариера заработи најмалку од своето богатство. „Летечкиот“ Мајкл играјќи за Чикаго булс и Вашингтон визардс заработи само 93.8 милиони долари, од кои дури 63 милиони долари заработи во последните две сезони во Чикаго.

Сепак, фантастичната НБА кариера му го донесе „договорот на животот“ со „Најки“.

Првиот договор со американскиот производител на спортска опрема го потпиша 1984 година и тоа за 250.000 долари годишно.

Токму во 1984 година е направена најголемата бизнис грешка во историјата на производителите на спортска опрема.
Мајкл Џордан додека настапуваше во средното училиште го обожуваше „Адидас“ и беше нивен манекен во универзитетските денови.
Сепак, едно нивно правило ги чинеше загуба од стотици милијарди долари заработка.

Имено, „Адидас“ не сакаше да потпише спонзорски договор со Мајкл Џордан бидејќи во тоа време имаше принцип да не потпишува договори со кошаркари пониски од 213 сантиметри, а Џордан беше понизок за само 15 сантиметри.

Поради таа одлука „Адидас“ остана без три милијарди долари годишно колку што носи продажбата на патиките „Ер Џордан“ но годишниот приход на „Најки“ од продажба на продукти со името и логото на Џордан заработува од 4-8 милијарди долари.

Легедарниот кошаркар исто така годишно заработува по 100 милиони долари само поради цртежот на неговата силуета која се наоѓа на патиките. Колку е важен Џордан за „Најки“ покажува и податокот дека покренаа посебна линија на спортска облека и обувки „Jordan Brand“.

„Кога се зборува или пишува за важноста и колку им значи Мајкл Џордан на „Најки“, не може да се опише со зборови. Исто така неописливо е и колкава заработка им донел и ќе им носи во иднина“, пишува магазинот „Фортјун“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот