Бернардо Лопез/Screenshot/YouTube

Приказна достојна за филмско сценарио: На една година се борел за живот, а сега стана дел од бразилски гигант

Животната приказна на младиот Бразилец Бернардо Лопес наликува на сценарио за филм, исполнета со болка, неизвесност, но и со неверојатна сила и верба.

Кога имал само една година, врз неговото лице се истурил сад со врела вода. Лекарите се бореле за неговиот живот, а тоа што воопшто преживеал многумина го нарекувале чудо. Следувале долги и тешки месеци во болница, дури седум, исполнети со операции, рехабилитации и постојана неизвесност.

 

Но, наместо трагедијата да го скрши, таа го зацврстила. И покрај лузните и траумата што ја носи од најраните денови, Бернардо не се откажал од својата најголема љубов. Теренот станал негово засолниште, а топката, симбол на нов почеток.

Пред неколку месеци, тој доби можност да настапи на младински турнир пред бројни скаути. Со својата техника, чувство за игра и природен талент оставил силен впечаток, особено кај претставниците на Ботафого. Бразилскиот гигант и не чекал долго, Бернардо добил повик да стане дел од нивната престижна академија.

Неговиот досегашен пат е доказ дека животот може да зададе најтешки удари, но и дека човечкиот дух знае да биде посилен од секоја препрека. Приказната на Бернардо е потсетник дека соништата не се откажуваат, дури ни кога изгледа дека светот е против вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот