Пријателството помеѓу Опра и поранешниот кралски пар е во криза!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Не е тајна дека Опра Винфри од самиот почеток е на страната на принцот Хари и Меган Маркл, а во медиумите кружеа гласини дека со нив има навистина силно пријателство. Но, сега нивниот однос би можел да е во криза.

Всушност, според информациите од „Women’s Day“, Опра е лута, бидејќи поранешниот кралски пар после заминувањето од кралското семејство ќе го даде првото интервју кај водителката Елен Деџенерис, а не кај неа.

„Опра беше убедена дека првото интервју со нив после напуштањето на кралското семејство ќе го добие таа. Со Хари заедно работеше на продукцијата за документарецот во врска со важноста на менталното здравје, а вложи и огромен труд да се спријатели со мајката на Меган Маркл. Но, доколку Елен навистина прва им направи интервју, тогаш целиот тој труд ќе ѝ падне во вода“, рекол анонимен извор близок на Опра.

Но, извор од кралската палата за „People“ рекол дека војводите од Сасекс не биле повикани на интервју и гостување во шоуто на Елен Деџенерис, но и дека во брзо време нема да разговараат во врска со причините за напуштањето на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот