Пријател на Бора Чорба откри зошто тој не зборувал со Балашевиќ: Му беше многу лут

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на легендарната група „Рибља Чорба“, беше еден од најистакнатите и најконтроверзните автори на музичката сцена на поранешна Југославија. Текстовите на Бора често предизвикуваа бурни реакции и внимание во јавноста, поради нивната провокативна содржина, која ја критикуваше и политиката.

Според новинарот Драган Јаковљевиќ, кој му бил долгогодишен пријател на Бора, тој бил исклучително сложена личност – провокатор и поет, но пред сѐ некој кој преку своите стихови ги искажувал вистинските емоции и размислувања за светот околу него.

Јаковљевиќ откри дека тој и Бора се запознале во младоста и дека оттогаш биле блиски пријатели, споделувајќи слични ставови и поглед на животот. Нивното пријателство било силно, а Драган бил сведок на многу уметнички моменти на Бора.

Јаковљевиќ во интервју истакнал дека Бора е некој кој ја изразува својата душа преку својата музика и дека неговите стихови честопати се посветуваат на пријателите, но и на непријателите.

Тој ја спомена и врската на Бора со Ѓорѓе Балашевиќ:

– Беше многу лут на Балашевиќ, а Балашевиќ не можеше да поднесе дека некој е поталентиран од него. „Лутка са насловне стране“ ѝ ја посвети на Билјана Невајда, а ја напиша додека беше во групата „Сунцокрет“, но никој немаше вкус и не сакаше да ја објави неговата песна. Потоа тој отишол во „Рани мраз“ кај Балашевиќ, но тој го исмејувал. Тој тогаш ми рече: „Сега ќе почнам да пеам, свирам и компонирав, да правам сè сам, да бидам продуцент“ – пренесува српски „Информер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот