При објавување на пресуда за „Змиско око“ фрчеа навреди кон судиите

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот „Змиско око“ во кој обвинети беа 46 лица, а на седуммина обвинети им се судеше во одвоени постапки.

При одлучувањето, како што беше и кажано при објавата, судот ги изведе доказите кои се содржани во напатствијата од одлуката на Апелациониот суд Скопје, ги имаше предвид својствата на обвинетите, односно улогата која ја имале во предметниот период , а при анализа на доказите и при одлучувањето судот се раководеше исклучиво од материјалните докази кои укажуваа на кои наплатни станици е констатирана некаква штета, а на која наплатна станица не е утврдена никаква штета при работењето на инкасантите.

Со пресудата обвинението за кривичното дело „Злосторничко здружување“ се одбива поради настапување на апсолутна застареност. Обвинетите В.М. С.А., В.Ј., З.Б. се ослободуваат од обвинение за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Останатите обвинети се огласуваат за виновни за кривичното дело по чл. 353 ст.5 вв ст.1 од КЗ па имајќи ја предвид нивната позиција, својство и овластување им се изрекува:

За одговорното лице – алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 2 години која нема да се реализира доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело. Обвинетите кои имале својство на контролори на наплатни станици им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 1 година и 6 месеци доколку во следните 3 години не сторат ново кривично дело, обвинетите со својство на сменоводители и инкасанти им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна од 1 година доколку во следните 2 години не сторат ново кривично дело.

Судот не го прифати предлогот на застапникот на обвинението со дополнителна пресуда да одлучува по однос на имотно – правното побарување и за тоа Државниот правобранител го упати на граѓанска парница.

При објавата на пресудата еден од обвинетите упати навреди и пцовки кон судечкиот совет за што судот ќе изготви службена белешка и ќе покрене соодветна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот