Фотографија од реализацијата на проектот „Лета, лета Локубија“

Презентација на проектот „Лета, лета Локубија“ на Елена Чемерска ќе се одржи КСП „Центар-Јадро“

Серијата презентации, во рамките на новиот проект „Артс хаб“ (Arts Hub) на КСП „Центар-Јадро“, ќе заврши со презентацијата на проектот „Лета, лета Локубија“ на Елена Чемерска, што ќе се одржи на 3 март, со почеток во 20 часот, во галеријата на КСП „Центар-Јадро“.

Преку оваа серијата од шест презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП „Центар-Јадро“ во изминативе две години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, „Културно Ехо“, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ги претставија своите веќе реализирани проекти и ги споделија искуствата и научените лекции од праксата во специфичниот локален контекст.

Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ги пренесуваат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално-ангажираната уметност.

Проектот „Лета, лета Локубија“ претставува продолжување на долгогодишните активности во рамките на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска, кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма.

Во рамки на овој проект беше реализирана дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од градската депонија во Кочани врз основа на цртежи на децата учесници во работлницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.

Поттикната од приказните на членови на различни генерации од локалната заедница врзани со неформалната традиција на летање на змејови на Споменикот на слободата, а имајќи ја предвид неговата географска позиција во однос на градот, оваа работилница беше наменета за сите деца кои живеат во подрачјето на ридот Локубија, Кочани, на возраст од 6 до 12 години љубопитни за летањето, летачките објекти и нивното создавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот