Превкусен рецепт на Стефанија Несторовска за пилешка крем-салата

Фото: Приватна архива

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на младата Стефанија Несторовска што стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Денеска уживајте во неповторливиот вкус на оваа салата – пилешка крем-салата.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 500 грама пилешки гради, варени
-1/2 шолја кикиритки**
– 1/2 шолја кисели краставички
– 2 канчиња (300 грама) грчки јогурт
– 1 лажичка сенф
– сол и бибер по желба
** Јас сакам да ги потпечам кикиритките во рерна пред да ги користам. Купувам солени, непечени кикиритки и само ги ставам во рерна (без масло) на 160 степени околу 10-12 минути. Екстра чекор, но даваат неверојатен вкус.

Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Пилешките гради се цепкаат на ситни парчиња. Кикиритките се сечкаат (или толчат), како и киселите краставички, кои се сечкаат на мали коцки. Сите состојки се додаваат во голем, длабок сад.
Се додаваат и сите други состојки и убаво се промешува додека не се соединат. Пробајте на вкус и додадете повеќе зачини ако има потреба.
Салатата може да ја чувате во затворен, стаклен сад до 4 дена.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот