Превкусен рецепт на Стефанија Несторовска: Палента ролнички
Ако барате вкусна, здрава и лесна идеја за оброк, Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот snestorovska, денеска ни приготви рецепт за здрав нутритивен оброк. Притоа, палента ролничките се толку вкусни.
Препорачано
Состојки:
– 1+1/2 шолја (150 грама) овесно брашно
– 1/3 шолја + 1 лажица (50 грама) палента
– 1 јајце
– 1 канче (150 грама) грчки јогурт
– 1/2 од пакетче прашок за печиво
– 2 лажици маслиново масло
– сол по желба
За фил:
– 1 јајце
– 60 грама фета-сирење

Начин на подготовка:
1. Се загрева рерната на 180 степени и на плехот за печење се поставува хартија за печење.
2. Во длабок сад се додаваат сите суви состојки. Се промешува.
3. Се додаваат и сите други состојки и повторно убаво се промешува. Со намрсена рака се замесува тесто.
4. Тестото ќе биде доста лепливо, но ќе помогне доколку имате малку масло на рацете.
5. Со сукало размесете и развлечете во правоаголник. Исечете еднакви лентички (мене ми излегоа 10 лентички).
6. Во мал сад додајте ги состојките за филот и убаво измешајте.
7. Распоредете го филот еднакво на лентичките и свиткајте да се формира ролничка.
8. Додајте малку сусам одозгора по желба.
9. Печете околу 20 минути. Проверете, па допечете уште 7-8 минути, ако има потреба.
10. Оставете малку да се изладат и веднаш послужете.



