Превентивно берзата во Њујорк преминува на електронско тргување

Одлуката за минување на електронско тргување е донесена откако коронавирусот се прошири на сите 50 американски сојузни држави.

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот привремено берзата во Њујорк ќе ги затвори просторите во кои се тргува со акции и ќе мине на електронско тргување. Сепак ваквиот премин нема да предизвика прекин во тргувањето и во регулаторниот надзор над сите хартии од вредност кои котираат на NYSE, се истакнува во соопштението на сопственикот на берзата компанијата „NYSE Intercontinental Exchange Inc“.

„И натаму цврство веруваме дека пазарите треба да остана отворени и достапни за вложувачите. Сите пазари на NYSE ќе продолжат со работа во вообичаеното време на тргување, и покрај затворањето на просториите“, истакнува во писмената изјава претедателката на њујоршката берза, Стејси Канингем.

Одлуката за минување на електронско тргување е донесена откако коронавирусот се прошири на сите 50 американски сојузни држави, со вкупно 6.500 потврдени случаи на зараза од кои 116 со смртен исход во САД. Во меѓувреме, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рече дека разгледува воведување на карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот