Претставник на српска фирма за оружје сомнително почина во Москва, од канцеларијата „испариле“ документи
Куртиќ починал на улица во Москва пред речиси еден месец, на 17 ноември, а руските служби досега ги немаат испратено форензичките извештаи во Србија
Радомир Куртиќ, претставникот на српската државна компанија за оружје „Југоимпорт СДПР“ во Русија, е пронајден мртов во Москва и неговата смрт се води како сомнителна.
Препорачано
Порталот Нова.рс. објави дека Куртиќ починал на улица во Москва пред речиси еден месец, на 17 ноември, а руските служби досега ги немаат испратено форензичките извештаи во Србија.
„Српските безбедносни служби му доставија извештај на претседателот Александар Вучиќ за сомнителната смрт на Радомир Куртиќ. Смртта настапила на 17 ноември на улица во Москва. Српските власти, иако ги очекуваа, до денес немаат добиено форензички извештаи од руските власти“, објави „Блиц“.
Куртиќ бил во вториот мандат како претставник на „Југоимпорт СДПР“ во Москва.
„Комисија на фирмата ги посетила канцелариите во Москва и притоа утврдила дека недостигаат поголем број документи и хард дискови“, објави „Блиц“.
Според весникот, истражните органи на Русија не споделиле никакви официјални информации за случајот со амбасадата на Србија и со претставништвото на „Југоимпорт СДПР“ во Москва.


