Претставници на ЕУ „тивко“ го критикувале МАЛМЕД што ем е регулатор, ем набавува лекови за болници

Лирим Шабани-директор на Малмед / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Претставници на Европската Унија, неформално на директорот на МАЛМЕД Лирим Шабани му давале критики зашто со години оваа Агенција за лекови и медицински средства, ем е регулаторно тело, ем склучува договори за јавни набавки за лекови, кои одат во клиниките. Ова било законска можност, која не била добро дочекувана кај претставници од ЕУ кои се чуделе како истото тело ем контролира, ем набавува лекови за болници.

Лирим Шабани, директор на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) / Фото: ,,Слободен печат”- Драган Митрески

-Се предвидува еднаш годишно да има јавен повик за еден или два лекови како надополнување на терапијата или програмата, со кои што лекови се снабдуваат клиниките. Ова е со години наназад и се спроведува. Сме имале и критики, оф д рекорд од претставници на ЕУ, бидејќи МАЛМЕД е регулаторно тело, не му доликува да прави јавни повици за да набавува лекови за клиники. Сите договори што сме ги направиле за вакви лекови се доставени до анкетната комисија, рече директорот на МАЛМЕД Лирим Шабани на Анкетната комисија за онкологија.

Тој на прашањето на пратениците одговори дека со Венко Филипче, поранешниот министер за здравство имал три службени средби во својот мандат, а за екс директорот на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев рече дека ако му го донесат пред него нема да го познае.

-Никогаш не сум го видел, рече Шабани.

Директор на Малмед / Фото: ,,Слободен печат”- Драган Митрески

Според директорот на МАЛМЕД немало никакви притисоци врз него ниту од веледрогереија, ниту од министер ниту од директор.

-Службени средби, со тогашниот министер за здравство Венко Филипче од позиција кога сум директор, дали имало две или три во просториите на Министерството за здравство и еднаш во МАЛМЕД. Средби со Нино Васев, со најголема искреност, ако ми го донесете тука не го познавам. Никогаш не сум имал средба со директорот на Онкологија. Во врска со надворешните влијанија не сум од фирмите за лекови или министерот, не сум имал такви, додаде Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот