Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичмент на Бајден

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Претставничкиот дом на САД денеска се очекува да гласа за официјализирање на истрагата за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Си-Ен-Ен.

Републиканците во Домот тврдат дека Бајден и неговото семејство незаконски профитирале од одлуките донесени од него додека бил потпретседател на Соединетите Американски Држави од 2009 до 2017 година.

Тие се фокусираа и на работите на Хантер Бајден, а не е јасно дали тој ќе се појави на сведочењето.

Белата куќа ги негираше обвинувањата и ја отфрли истрагата како политички мотивирана пред претседателските избори во 2024 година, на кои поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп е водечки кандидат покрај Бајден.

Републиканците во Претставничкиот дом планираат да гласаат денеска пред да влезат во тринеделен одмор во четврток, иако другите законодавни прашања остануваат нерешени, вклучително и нацрт-законот за безбедност на границите и дополнителна помош за Украина и Израел.

На 8 ноември, Комисијата за надзор на Претставничкиот дом издаде покана за Хантер Бајден (53) да сведочи зад затворени врати.

Хантер се понуди јавно да сведочи, а неговиот адвокат во писмо оцени дека републиканците користат седници зад затворени врати за, како што наведе, „да манипулираат, искривуваат факти и да ја дезинформираат јавноста“.

Републиканците ја отфрлија понудата, велејќи дека Хантер Бајден мора прво да се појави на разговор зад затворени врати пред какво било јавно сведочење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот