Претставен новиот домашен дрес на Арсенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Топчиите“ во сезоната 2020/2021 ќе влезат со значително различен дрес во однос на претходните години…

„Адидас“ на играчите на Арсенал им подготви прилично интересен дизајн за нив.

Дресот е нешто потемен со интересни детали, додека ракавите повторно се бели како и во претходната варијанта.

Фудбалерите го претставија дресот на стадионот „Емирати“, а интересно е што дресовите ги претставија играчите за кои се шпекулираше досега дека е можно да си заминат од клубот: Пјер-Емерик Обамејанг, Александр Лаказет и Давид Луиз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот