Актерската екипа на претставата „Болва в уво“

Претставата „Болва в уво“ на Драмскиот театар гостуваше на фестивалот РУТА во Тиват

Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов на 23 април гостуваше во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА.

Фестивалот го отворил директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, Скопје и Сараево претставува голема чест, но и потврда за квалитетот на работата на Центарот за култура во Тиват и неговата драмска продукција.

Во текот на фестивалот РУТА, публиката ќе проследи шест внимателно избрани и наградувани претстави од современата регионална продукција. Освен претставата „Болва в уво“ од Македонија, пред публиката во Тиват ќе се претстават и останатите членки на Унијата со претставите: „Ќелавата пејачка“ во продукција на Центарот за култура во Тиват, „Мајки“ на театарот „Улисис“ од Хрватска, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана од Словенија, „Шиндлеровиот лифт“ на „Камерни театар 55“ од Сараево, Босна и Херцеговина, и „Диво месо“ во изведба на Београдско драмско позориште од Србија.

Претставата „Болва в уво“ е работена по најпознатиот текст на францускиот драмски писател Жорж Фејдо, напишан во 1907 година. Во Драмски театар е поставен во седумдесеттите години и претставата имала 456 изведби. Постановката што ја режираше Синиша Евтимов ја имаше премиерата на 17 декември минатата година и досега претставата се играше 12 пати.

Во уметничкиот дел од тимот на претставата работеа Мартин Манев, сценограф, и костимографот Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска.

Улогите во претставата ги играат: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Владимир Петровиќ, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ (к.г.) и Ивана Павлаковиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 330, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26.4.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот