Претседателот на Италија позитивен на Ковид-19: Откажани сите состаноци

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во Скопје/Фото: МИА

Претсесдателот на Италија, Серџо Матарела (81) добил позитивен тест на Ковид-19, соопшти денеска неговиот кабинет.

Тој ги откажал состаноците планирани за наредните денови, но ќе продолжи да ги извршува обврските во изолација во неговата резиденција во палатата Квиринал во Рим, се вели во соопштението.

Матарела се појави во средата на отворањето на новата сезона во операта Скала во Милано, заедно со италијанскиот премиер Џорџо Мелони и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот