Иранскиот претседател се извини за крвавото задушување на протестите: Се срамам пред народот
Претседателот на Иран, Масуд Пазешкијан, изјави дека е „засрамен пред народот“ додека упати широка јавна извинување за бруталното задушување на протестите во земјата, во кое загинаа илјадници луѓе, објави „Индепендент“.
Препорачано
Тој рече дека ја разбира „големата тага“ што ја чувствувале луѓето за време на протестите минатиот месец.
Активисти проценуваат дека во задушувањето на протестите биле убиени повеќе од 6.000 луѓе, најмногу демонстранти, иако бројките е тешко независно да се проверат.
На 47-годишнината од основањето на Исламската Република, Пезешкијан изјави: „Засрамени сме пред народот и сме обврзани да им помогнеме на сите кои беа повредени во овие настани. Не бараме конфронтација со народот“.
Пезешкијан им се извини на „сите засегнати“ од протестите и од насилното задушување.
„Незаконски стрелаа демонстранти“
Раха Бахреини од „Амнести Интернешнл“ изјави дека властите „незаконски отвориле оган“ врз демонстрантите.
– Огромното мнозинство демонстранти беа мирни. Снимките покажуваат маси луѓе, меѓу кои и деца и семејства, како извикуваат слогани, танцуваат околу огнови и маршираат по улиците – рече таа.
Бахар Саба од Хјуман рајтс воч додаде дека „иранските власти постојано покажуваат дека немаат друг одговор освен куршуми и брутална репресија кон луѓето што излегуваат на улица“.
– Мислам дека режимот го доживеа ова како егзистенцијална закана и дека имаше избор, или да дозволи протестите да се развиваат, да расте меѓународниот притисок и барањата кон Иран или да ги „изгаси светлата“, да убие колку што е потребно луѓе и да се надева дека ќе им помине. И мислам дека токму тоа го направија – изјави Афшон Остовар, експерт за Револуционерната гарда и професор на Поморската постдипломска школа во Монтереј, Калифорнија.
Порака до Западот: Иран прикажа балистички ракети на годишнината од револуцијата
„Иран е под голем притисок“
Говорот на Пезешкијан доаѓа во период кога иранските власти се под сериозен надворешен и внатрешен притисок. Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за испраќање уште една група носачи на авиони на Блискиот Исток и одржува средба израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, на која Израел ќе инсистира на најстроги услови за евентуален договор со Техеран околу нуклеарната програма.
Трамп порача дека „добар договор“ со Иран значи откажување од нуклеарно оружје и од ракети, додека, пак, во исто време земјата сè уште ги чувствува последиците од минатогодишната 12-дневна војна со Израел, во која во воздушните напади, вклучително и врз нуклеарни објекти, загинаа стотици луѓе, а обемот на нанесената штета останува нејасен.
Паралелно, масовните протести со барања за промена на режимот се проширија низ Иран, додека меѓународниот надзор врз нуклеарната програма е практично блокиран – инспекторите на ОН со месеци немаат пристап до иранските нуклеарни резерви, а сателитските снимки сугерираат активности на погодените локации.
Пезешкијан тврди дека Техеран не тежнее кон нуклеарно оружје, но истовремено обвинува дека длабоката недоверба на САД и на Европа ги кочи преговорите, додека од таборот на врховниот лидер стигнува пораката дека иранските ракетни капацитети не се тема за какви било разговори.
Нетанјаху бара од Трамп во нуклеарниот договор да се вклучи и иранската ракетна програма


