Вонредна состојба на северот од Гватемала по насилните протести против рудниците за никел

Вонредна состојба на Гватемала/ Фото: ЕПА

Претседателот на Гватемала, Алехандро Џиаматеи, денеска воведе вонредна состојба во покраината Изабал, по двонеделните протести против рудниците за никел и судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Група демонстранти пред две недели блокираа улица во градот Ел Естор во знак на протест против рудниците во Феникс, а ситуацијата ескалира во последните денови откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата која одговори со солзавец.

Народниот правобранител Џордан Родас Андраде на Твитер предупреди дека Уставниот суд на Гватемнала во 2019 година наредил компанијата „Пронико”, подружница на швајцарската „Solway Investment Group”, да го прекине со ископувањата на никел бидејќи не се консултирала со локалната заедница.

Во меѓувреме, претседателот Џиаматеи, сепак, одлучи да воведе вонредна состојба, наведувајќи ги како образложение „дејствијата што влијаат врз јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните во однос на насилството од поединци и вооружени групи против спроведување на законот и попречување на слободата на движење на населението”.

Вонредната состојба треба да трае 30 дена и ќе вклучува забрана за собири и полициски час, се наведува во декретот објавен во службен весник .

На потег е Конгресот, кој во рок од три дена треба да го „ратификува, измени или отфрли” претседателскиот декрет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот