Претера со пластичните операции: Актерката признава – „Изгледам како чудовиште“

профимедиа

56-годишната актерка Лиса Рина која се прослави со сериите “Melrose Place” и “Days of Our Lives”, во последните неколку години привлекува големо внимание поради лицето на кое се видливи претераните естетски корекции.

Актерката постојано ја фалат поради нејзината витка линија во 57-та година од животот. Таа истакнува дека ја одржува фигурата преку фитнес, а во тинејџерските денови професионално се занимавала со тенис.

Додека нејзината виткост предизвикува воодушевување, нејзиното лице кое доаѓа до израз особено кога нема шминка, изненадува. Своевремено Рина признала дека погрешила што направила толку естетски корекции, а изговор и биле нејзините пријателки.

профимедиа

„Тоа го правев бидејќи го правеа и моите пријателки. Да се изгледа младо е една работа, но јас изгледам како чудовиште. Секогаш зборував дека нема да го „допирам” лицето, но сепак, за жал го направив тоа. Најлошо изгледаат моите образи, тука најмногу претерав”, раскажала актерката во една прилика.

Лиса тврдела дека повеќе нема да оди „под нож”, но нема намера да се откаже од ботоксот. Таа ги намалила и усните во кои ставила силикони уште во 1986 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот