Фото: ЕУ за Преспа

Преспанското Езеро се буди – водостојот порасна за 48 сантиметри за два месеца

Обилните дождови во ноември и јануари предизвикаа поплави во преспанските села, но истовремено го подигнаа нивото на езерото за речиси половина метар, разбудувајќи надеж дека долгогодишниот пад конечно е запрен.

За два месеца нивото на Преспанското Езеро нарасна за 48 сантиметри, според податоците од дневните извештаи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пренесе порталот СДК.

Обилните врнежи од дожд кои паднаа во изминатите два месеца, околу 21 ноември минатата година (2025) и на 7 јануари годинава (2026), поплавија куќи, магацини, дворови и овоштарници, но донесоа и надеж за Преспанското Езеро.

Според податоците објавени од УХМР, водостојот на Езерото измерен кај мерната станица во Наколец на 8 јануари 2026 година изнесуваше 841,36 метри надморска височина (мнв). Доколку тоа се спореди со водостојот од 7 ноември 2025 година, односно периодот пред дождовите кога нивото беше 840,88 мнв, пресметките покажуваат дека водостојот е пораснат за 48 сантиметри.

Нивото од 7 ноември до 2 декември лани се зголеми за 27 сантиметри, кога водостојот достигна 841,15 мнв, а оттогаш до сега за дополнителни 21 сантиметар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот