ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Изработуваме накит со Александра Иванова (ВИДЕО + ФОТОГАЛЕРИЈА)

Продолжуваме со препораки како би можеле да си ја направите попријатна домашната изолација. Денес со нас е уметницата Александра Иванова која има супер креативна идеја – да научиме како се изработува накит. Па, напред, разбудете го и вие кретовецот во вас!    

Уметницата Александра Иванова, кај нас зачетничка на бранот илустриран накит, одлучи да го сподели своето искуство за изработка на накит со секој кој сака ваквиот талент да го разбуди во себе.

Александра Иванова

Како одлучи своето знаење за дизајнирање и изработка на накит несебично да го споделиш со другите?

– Уште со првиот бран на информации за коронавирусот и нашето останување дома сфатив дека еден свет престана да постои, заврши, и ова е сосем нов свет. Сфатив дека нема да имам работа во овој период со накитот. Дека ќе биде како за сите, така и за мене. Ги извртев во глава сите варијанти, и вакви и онакви, и одбрав. Одбрав да верувам дека е најдобро да имам целосна доверба во кеативниот универзум кој секогаш сè прави складно зашто не би постоеле инаку. Ќе креирам и јас. Бирам фокус на креативност. Ќе го правам тоа кое најдобро го знам. Зашто знам секогаш во животот, и во најтешки мигови, ова ме има пренесено жива и здрава на другиот брег. Истовремено сè лично ми доби друга димензија, не се грижам за себе, се решив себе, јас сум на сигурно во мојот свет. И тука почувствував огромен јасен и несопирлив порив да направам нешто за другите. Другите кои можеби минат низ разни емоции и мисли и не можат да направат контрола над тоа, а во себе носат креативен порив кој баш во овој миг можат да го повикаат и да се фокусираат на него и на тој начин да воспостават контрола над бранот од информации и страв. Да го разбудат креативното, да го следат секој ден што повеќе и да почнат да му веруваат целосно. Не знаеме каде ќе нè однесе ова патување. Секако ќе стасаме на убаво место.

Некој ќе го открие своето внатрешно дете.
Некој ќе си направи подлабок контакт со себе и со децата свои.
Некој ќе открие ново хоби.
Некој ќе свати дека сака да смени нешто кај себе ,работа или опкружување.
Некој ќе научи како да направи нешто за себе и подарок за друг.
Некој ќе проба нешто што од секогаш сакал а одложувал.

Алкесандра додава дека за сите овие луѓе широко се отворени вратите на „Креативница“, и дека споделувањето на вештините во изработка на накит ги прави со најголема посветеност.

– Уживам да се давам, а примам исто толку љубов од сите со кои си менуваме невидливи вредности. Сите сте поканети во Креативница, вели Александра.

ВИДЕОТО ВЕ ВОДИ ЧЕКОТ ПО ЧЕКОР ВО ИЗРАБОТКА НА НАКИТ. 

ФОТОГРАФИИТЕ ВЕ ВОДАТ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ВО ИЗРАБОТКА НА НАКИТ. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот