Препораки до граѓаните по најавите за топлотен бран – Слободен печат
ВестиМакедонија

Препораки до граѓаните по најавите за топлотен бран

Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193. 

Дирекцијата за заштита и спасување, по најавите за топлотниот бран кој од утре ќе ја зафати нашата земја, препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки и активности за заштита од шумски пожари и друг тип пожари на отворен простор.

Од Дирекцијата апелираат до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи.

Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close