Премиерот и министрите кои беа во контакт со Димитриевски, одат во домашна самоизолација

Нивната одлука уследи по вчерашниот контакт со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19.

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација, информираа од Владата.

Претходно министерот за здравство и вицепремиерот, филипче и Османи се огласија на Фејсбук дека ќе останат во домашна самоизолација до понатамошни насоки.

Досега, од политички личности во Македонија, во домашен карантин се лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Тие беа во контакт со новинар заболе од коронавирус, но нивните тестови се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот