Премиер лигата планира доделување на шампионскиот пехар

фото/твитер

Се претпоставува дека релативно нормално ќе се продолжи, така што Редси можеби ќе го потврдат освојувањето на англискиот трон на својот стадион.

И натаму се работи на евентуално враќање на натпреварувачката сезона 2019/2020 во најсилното англиско првенство, екипите од денеска започнуваат со тренинзи.

Ливерпул е многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата, далеку пред второпласираниот Манчестер сити во генералниот пласман.

Едно од прашањата е и дали ќе се одржи традиционалната церемонија на доделувањето на трофејот кое е често поставувано воглавно од навивачите на Ливерпул кои на овој момент чекаат цели 30 години.

Би сакале да одржиме церемонија на доделување на пехарот. Да им дадеме можност да го доживеат свечениот момент за кој многу работеа. Доколку бидат безбедни околностите, можеме истата да ја организираме – објасни извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Иако планот за враќање на сезоната сè уште не е завршен, се претпоставува дека релативно нормално ќе продолжи, така што Редси можеби ќе го потврдат освојувањето на англискиот трон на „Енфилд“, а за тоа им се потребни уште само две победи во преостанатите 10 мечеви до крајот на сезоната која според најавите ќе заврши без гледачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот