Преку пристаништето Констанца испорачани 8,1 милиони тони украинско жито

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Украина испорача 8,1 милиони тони жито преку романското пристаниште Констанца на Црното Море во првите седум месеци од оваа година, со забавување откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура.

Украинските житарки сега се извезуваат од пристаништето Констанца, од каде традиционално Романија ги извезува своите житарки, како и Унгарија и Србија, пренесува Танјуг.

Пред војната во Украина за една година од тоа пристаниште биле извезени 25 милиони тони, но дел од операторите велат дека овој рекорд сега ќе биде надминат, бидејќи, како што велат, многу е вложено во зголемување на капацитетот.

Украинските пристаништа на Дунав сочинуваа околу една четвртина од извозот на жито пред Русија да се повлече од договорот поддржан од Обединетите нации, и сега станаа главната излезна рута за жито во Романија. Претходно овој месец, романските власти потврдија дека Романија, како членка на ЕУ и НАТО, има за цел двојно да го удвои месечниот транзитен капацитет на украинското жито до Констанца на четири милиони тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот