Фото: Озбек Ајваз

Преку граѓанска акција се актуелизира потребата за јавни тоалети во Скопје

На повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, горлив проблем со кој се соочуваат граѓаните, а се во надлежност на управата на градот Скопје.

Фото: Озбек Ајваз

За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење, вели уметникот Озбек Ајваз, кој со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем.

Фото: Озбек Ајваз

Оваа акција е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб” , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот