ПРЕКУ 2.500 луѓе исчезнаа, Доријан допрва ги брои жртвите: Стравични последици од ураганот на Бахамите!

Официјалните лица денес соопштија дека преку 2.500 луѓе се водат за исчезнати на Бахамите по ударот на ураганот Доријан.

Портпаролот на Националната служба за управување со кризни ситуации Карл Смит напомена дека таа листа на исчезнати не е проверена, односно не е утврдено дали некој од листата се наоѓа во засолништата.

Според неговите зборови, во тек е проверка на базата на податоци.

Во ударот на ураганот на Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници беа сместени во засолништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот