Прекрасната актерка со убавината и харизмата го освои светот – Запознајте ја сега сестрата на Ева Мендес, шармантната Џенет! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Актерката се помалку се појавува во медиумите откако основаше семејство…

Прекрасната Ева Мендес го освои срцето на холивудскиот шармер Рајан Гослинг со кој основаше семејство.

Откако е емотивно исполнета, заводливата актерка на некој начин се повлече во анонимност и води наизглед сосема обичен живот како сите мајки и сопруги. Таа гламурот и популарноста ги остави далеку зад себе.

Ева не сакаше нејзиното семејство да страда поради кариерата, па токму затоа му се посвети на она што е најважно, а тоа секако не се глумата и парите.

Благодарение на семејното воспитување актерката успеа да остане цврсто со нозете на земја, па токму затоа не би требало да не чуди што се почесто во јавноста можеме да видиме нејзини фотографии во сосема необично издание.

Фото: Профимедиа

Овојпат таа беше фатена од папараците како пазари, а друштво и правеше нејзината речиси идентична сестра Џенет.

Публиката смета дека актерката и нејзината сестра многу наликуваат, како по градбата на телото, така и по обликот на лицето и бојата на косата. Џенет многу ретко се појавува со Ева во јавноста, освен кога на порталите ќе се појават папарацо фотографии.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот