Прекрасна вест: Барди е негативен на коронавирус, ќе настапи против Австрија на ЕП
Одличната атмосфера во македонската фудбалска репрезентација по убедливиот триумф на Казахстан, денеска е дополнително крената на повисоко ниво бидејќи последниот тест на коронавирус на Енис Барди е негативен.
Ова значи дека еден од најстандардните играчи во репрезентацијата од денеска ќе може да им се приклучи на соиграчите на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство, а исто така и селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на Барди за првиот натпревар на ЕП кој неговите избраници ќе го играат на 13 јуни против Австрија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Барди по пристигнувањето во Македонија, имаше позитивен тест на коронавирус иако немаше никакви симптоми поради што беше ставен во карантин во хотелот „Хилтон“. Дополнителна доза на неизвесност внесе и вториот тест кој беше направен пред три дена и исто така беше позитивен иако македонскиот репрезентативец немаше никакви симптоми и веќе тренираше одвоено од останатите репрезентативци. Исто така, Барди го пропушти и двата контролни натпревари на репрезентацијата, првиот со Словенија (1:1) и вчерашниот со Казахстан (4:0).
Но, денеска Барди има негативен тест и заедно со останатите репрезентативци ќе ги одработи последните три дена од подготовките во Скопје по што репрезентацијата на 8 јуни патува за Букурешт каде ќе ги одигра натпреватите од првите две кола на ЕП, на 13 јуни против Австрија и на 17 јуни против Украина.


