Прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица

Загадување / Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-кју-ер“ Скопје деновиве го држеше приматот за најзагаден главен град во Европа.

Кавадарци најзагаден град во Македонија, Скопје со најзагаден воздух меѓу главните градови во Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот