Прејадување кај кучињата: Причини, симптоми и совети
Секој знае колку може да биде непријатно чувството во организмот кога се прејадуваме, но и какви последици може да има тоа врз нашето здравје и килограми, доколку често се повторува. Како што е со луѓето, така е и со кучињата. Kучето не смее да јаде поголем дел од храната што човекот ја консумира, па треба само да замислите каков хаос може да настане ако se прејадува со храна која не треба ни да ја проба.
Препорачано
Како што се ближат зимските прослави кои сите со нетрпение ги очекуваат, еве што треба да имаме на ум за да го спасиме стомакот на нашите миленици од богатите трпези.
Како доаѓа до прејадување кај кучето?
Прејадувањето се случува на едноставен начин: кучето е во искушение, или од здодевност, каприц, осаменост, љубопитност или наеа невнимание, може да влезе во отворена оставата, кујната или да скокне до шанкот со колачи, масата полна со храна каде што во моментот никој не седи…
Ако кучето одеднаш изеде два или повеќе пати поголема количина од храната што ја зема дневно, ќе се прејаде. И не само тоа, големи се шансите кучето да претрпи болка и непријатност поради надуеност и прекумерно проширување на желудникот. Покрај сето тоа, ако кучето изело нешто што не треба, може да предизвика сериозни здравствени компликации.
Кои се симптомите на прејадување на кучиња?
Симптоми на прејадување кај кучињата се: зголемен и тврд стомак, видливо нерасположение, недостаток на енергија и мобилност, гадење, повраќање и отежнато дишење. Овие симптоми се слични на манифестациите на гастрична дилатација и волвулус, што е опасно по животот на кучето, па затоа и во двата случаи, без разлика дали знаете дека е прејадено или сè уште не сте сигурни, контактирајте го ветеринарот што е можно поскоро.
Што да правите кога кучето се прејадува?
Кога кучето ќе прејаде, консултирајте се со ветеринар. Не обидувајте се да го присилите кучето да повраќа или да го притиска стомакот, бидејќи тоа може да предизвика повеќе штета отколку добро. Почекајте ветеринарот да даде свое мислење и совет и постапете по нив.
Кои раси на кучиња се склони кон прејадување?
„Ненаситноста“ меѓу расите е добро позната, а ова се кучињата кои се најмногу склони на прејадување: лабрадор ретривер, златен ретривер, бигл, булдог, басет хунд, кокер шпаниел, мопс, џек расел териер, шкотски териер и ротвајлер.
Најважно е да се погрижиме кучето да има доволно квалитетна храна, љубов, грижа и активност, а храната која ни причинува задоволство треба да остане надвор од дофат на нашиот миленик. Ова го правиме не затоа што сме себични, туку затоа што е најдобро за здравјето на миленичето, само треба да го издржите неговиот неодолив, молбен поглед…


