Прегазен пешак во Кичево, казни за пијани возачи
Кичевчанец е уапсен откако вчера прегазил пешак во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар.
Препорачано
-На 25.04.2026 околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Х.(57) од Кичево затоа што управувајќи патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(60) од Кичево. С.К. е пренесен во Медицински центар Кичево, каде што од страна на доктор констатирани му се телесни повреди. По насока на јавен обвинител, возачот Т.Х. е лишен од слобода, а возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – соопшти МВР.
Во изминатите 24 часа мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, при контролата санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца возачи пак се казнети за останати сообраќајни прекршоци.
-Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување на возило под дејство на алкохол над 1,50 промили. По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави додаваат од МВР.


