Предности и недостатоци: Каде најмногу грешите при користењето на маслата за готвење?

Без разлика дали подготвувате салата, печено месо или пржите компири, треба да знаете дека секое масло не е поволно за секое јадење. Ладноцеденото масло се смета за поздраво, но и тоа има свои недостатоци.

Ладноцедени и рафинирани

Начелно, маслата што се користат за приготвување на јадењата се делат на ладноцедени и рафинирани.

Кога семките или плодовите на одредени билки се цедат без загревање, станува збор за ладноцедени масла. Нивната предност е во високиот квалитет: поради неагресивниот начин на добивање, супстанциите кои му даваат вкус, витамините и здравите незаситени масни киселини остануваат сочувани. Овие масла имаат типична, природна арома, па според тоа, ако сакате салата со карактеристичен вкус на масло, најдобро е да ја приготвите со ладноцедено масло.

Недостаток е слабата отпорност на топлината. Под дејство на високите температури, драгоцените состојки на маслото го губат дејството, а можат да настанат дури и супстанции штетни за здравјето. Затоа нутриционистите овие масла не ги препорачуваат за пржење и за печење.

Ладноцеденото масло почесто се користи за оплеменување на вкусот, па најдобро е да го додадете на јадењето непосредно пред сервирањето. На тој начин, неговиот вкус во целост ќе дојде до израз, а здравите својства ќе останат сочувани.

Топлото цедење на маслата со помош на раствор овозможува добивање на значајно поголемо количество на масло од билката, но маслото добиено на овој начин мора да се рафинира, односно да се исчисти од несаканите примеси. Со тоа, освен витамините и незаситените масни киселини, се уништува и аромата. Поради тоа рафинираните масла се речиси безвкусни, што е и практично кога не сакаме маслото да го менува вкусот на јадењето.

Уште една предност: рафинираните масла можат да се загреваат (избегнувајте при пржење) и притоа да не го губат квалитетот, а можат да се користат за секое јадење.

Не пржете со маслиново масло!

Луѓето кои користат квалитетно маслиново масло во текот на готвењето не добиваат никакви здравствени бенефити, бидејќи тоа при пржењето ги губи сите свои својства кои се добри за нашето здравје.

Маслиновото масло содржи најмногу антиоксиданти за разлика од другите масла и содржи компоненти кои ни помагаат да ја избегнеме појавата на карцином и другите болести.

Меѓутоа, кога маслата се загреваат, тие губат на квалитет. Користењето на маслиново масло во варењето е во пораст, главно поради неговите позитивни здравствени влијанија, меѓутоа, доколку се загрева при пржењето, тоа ги губи сите свои позитивни својства.

Доколку, сепак, го користите при готвење, најдобро би било тоа да го правите на пониски температури или постепено да го додавате во текот на пржењето за да не се загрее премногу и да не ги изгуби своите здравствени својства.
По загревањето, сите предности на маслиновото масло, во споредба со другите масла, се губат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот