Пред нас е вечер со многу драма во ЛШ: 32 од 36 клуба можат до нокаут фаза, ќе гледаме 18 натпревари во ист термин
Фудбалска вечер полна со многу неизвесност нè очекува вечерва од 21 часот, кога истовремено ќе се одиграат сите 18 натпревари од последното коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Пред завршните 90 минути, дури 32 од 36 учесници сè уште се во игра за продолжување на европската авантура, што гарантира драматична разврска на сите стадиони.
Препорачано
Резултатите од вечерашните дуели ќе ја скројат конечната табела и ќе ги одредат екипите што директно ќе обезбедат место во осминафиналето, како и оние што ќе мораат да минат низ дополнителниот плејоф. Според форматот, осумте најдобро рангирани тимови обезбедуваат директен пласман, додека позициите од деветто до 24-то место ќе влезат во разигрување за преостанатите осум места меѓу најдобрите 16.
Во плејоф фазата, екипите пласирани на деветтото и десеттото место ќе се соочат со тимови од 23-та и 24-та позиција, 11-то и 12-то место ќе играат против 21-от и 22-от тим, а истиот принцип ќе важи и за останатите двојки, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку ждрепка.
Арсенал моментно стои најдобро, со максимален учинок од седум победи на исто толку натпревари. Тимот на Микел Артета прими голови само од Баерн и Интер, а во досегашниот тек од натпреварувањето забележа и импресивна победа од 4:0 против Атлетико Мадрид. Во последното коло, лондонскиот клуб ќе го пречека Кајрат на „Емирати“, а за да ја задржи лидерската позиција и да си обезбеди најповолна ждрепка во осминафиналето, ќе му биде доволен и еден бод.
Теоретска шанса за првото место има и Баерн Минхен, кој веќе си го обезбеди пласманот меѓу најдобрите осум со победата од 2:0 над Унион во претходното коло. Баварците ќе мора да триумфираат на гостувањето кај ПСВ во Ајндховен и истовремено да се надеваат на кикс на Арсенал против Кајрат, при што и гол-разликата би морала значително да оди во нивна корист, сценарио што тешко дека ќе се оствари.
Зад водечките екипи се формира голема група тимови со по 13 бодови, распоредени од шестото до 13-тото место, што дополнително ја зголемува неизвесноста. Еден од најатрактивните натпревари ќе се одигра во Париз, каде Пари Сен Жермен ќе го пречека Њукасл. Со оглед на солидната гол-разлика на двата тима, победата речиси сигурно носи директен пласман во осминафиналето, додека реми би можело да ги остави и двете екипи во опасната зона. Поразот, пак, би ги оставил на 13 бодови и би ги изложил на сериозен притисок од неколкуте екипи што демнат веднаш зад нив на табелата.
🏆 To win 🔵 UCL (as of 22 Jan):
26% 🏴 Arsenal
17% 🇩🇪 Bayern
10% 🇫🇷 PSG
9% 🏴 Man City
7% 🏴 Liverpool
6% 🇪🇸 Barcelona
6% 🇪🇸 Real Madrid
4% 🇮🇹 Inter
3% 🏴 Chelsea
3% 🇪🇸 Atletico Madrid
…🚨 Full probabilities and scenarios available in our 📊 FMD Simulator pic.twitter.com/0lFNgnJ9Nx
— Football Meets Data (@fmeetsdata) January 22, 2026
UEFA CHAMPIONS LEAGUE 📺
Last league phase games tonight 💪
Same kickoff time, automatic qualification spots on the line, playoff spots up for grabs ⏳ #Onile #ChampionsLeague pic.twitter.com/51in0Slw3C— Mr Onilè (@MrOnile_) January 28, 2026


