Пред истражен судија ќе бидат спроведени осомничените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во Грција денеска пред истражен судија ќе бидат спроведени дветтмина Египѓани, кои се обвинети за несреќата со мигрантите која се случи минатата недела.

Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во кој загинаа најмалку 78 лица, а стотици се исчезнати.

Од грчката крајбрежна служба синоќа соопштија дека продолжува големата операцијата за потрага и спасување во меѓународните води во морската област на 47 наутички милји југозападно од местото Пилос на Пелопонез.

Потсетуваат дека во несреќата што се случи во средата досега се спасени 104 лица, а извлечени се 78 безживотни тела.

Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката е околу 700 лица.

Трагедија кај Пелопонез: Најмалку 32 мртви откако се преврте рибарски брод

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот