ФОТО | Празнична магија во домот на Стојна Костовска: И оваа година икебаните внесуваат топлина и спокој
Актерката Стојна Костовска и оваа година успеа да внесе посебна празнична магија во својот дом. Иако украсувањето е скромно, просторот зрачи со топлина и мир, карактеристични за неа и нејзиниот животен стил.
Препорачано
Позната по тоа што ужива во уредувањето на домот, особено за време на празниците, Стојна вели дека токму тогаш домот добива поинаков мирис и чувство на заедништво, љубов и спокој.
И оваа година, акцентот е ставен на уникатни икебани, кои често се изготвени од вештите раце на нејзиниот сопруг, кои му даваат посебен белег на просторот.
Иако Новата година одамна не ѝ носи еуфорија, поради лична загуба која ја одбележала токму на тој ден, Божиќните празници за Стојна имаат длабоко духовно значење. Тие се време кога семејството е најважно, кога домот мириса на домашна кујна и кога душата се смирува.
Стојна се пензионираше во Македонскиот народен театар, зад себе има богата и успешна кариера со бројни улоги, награди и признанија. Иако годините за неа се само бројка, таа и денес зрачи со елеганција, достоинство и животна мудрост.
Пред празниците, во нејзиниот дом сè се подготвува со посебно внимание, чистење до темел, ред и хармонија, бидејќи, како што вели, само во уреден дом може да владее мир. Празниците ги поминува во кругот на семејството, каде што се чувствува најубаво и најисполнето.
По едно големо животно искушение кое успешно го надмина, Стојна денес посакува само едно, здравје за своето семејство и за сите луѓе. Во духот на празниците, нејзината порака е едноставна, но силна, љубов, заедништво и почит кон животот.


