Правиме напори учениците зимава да имаат настава со физичко присуство, вели Бектеши

Училиште ученици Македонија зима
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

„Тоа е надлежност на општините, но децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и сега заради енергетската криза подобро да им помогнеме на училиштата отколку да ги оставиме децата да изгубат многу. Потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ и убеден сум дека ќе најдеме решение“, рече Бектеши во централниот дневник на телевизија Сител.

Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март.

Несериозно е, смета Бектеши, тоа што 2487 правни субјекти во државата сеуште немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од нив, 60 проценти се под надлежност на локалната власт.

– Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија затоа што кога немаш снабдувач со електрична енергија, а на берза цената е 400 евра, автоматски треба да платат 600 евра за да не останат неснабдувани објектите со електрична енергија. Сите правни субјекти ги знаеле роковите кога им истекуваат договорите, истакна Бектеши, додавајќи дека во надлежност на општините е набавката на електрична енергија за училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот