Правилна исхрана: Избегнувајте ги овие продукти ако страдате од хипертензија

храна
Фото: Unsplash

Диета и посебна исхрана често им се препорачуваат на луѓето кои страдаат од висок притисок, за да тој се држи под контрола, но чест случај е тие да се на диета која не вклучува пржена, солена и мрсна храна. Стручњаците предупредуваат дека тоа не е доволно и хипертензијата може да се влоши со користење продукти кои се познати како здрави.

Нелупен компир
Овој компир е преполн со минерални соли и докажано го зголемува притисокот. Ако сакате ваков компир, не посолувајте го дополнително, а пред готвење добро измијте го.

Грав
Конзервираниот грав содржи многу натриум и докажано го покачува притисокот. Ако го користите, задолжително измијте го под млаз ладна вода, за да исфрлите дел од штетнит состојки. Истото се однесува и за свеж грав и слични продукти. Најдобро е пред подоготовка да ги оставите да стојат во свежа вода.

Грејпфрут
Иако е општо прифатено мислењето дека овошјето е многу добро за здравјето, тоа не е секогаш случај. Грејпфрутот е поврзан со зголемување на крвниот притиок, па на луѓето кои страдаат од оваа болест им се советува да го избегнуваат. Имено ова овошје предизвикува несакани реакции, ако се конзумира истовремено со многу лекови, особено оние за намалување на притисокот.

Сосови
Сосовите содржат комбинација од соли и шеќери, а тоа е погубно за луѓето кои страдаат од висок притисок. Кога се прават домашни сосови, треба да избегнувате комбинирање на сол и шеќер, исто така да не претерувате со зачини, кечап и мајонез.

Бисквити
Иако се верува дека бисквитите се преполни со шеќери, тие можат да содржат и дополнитени количини сол. Веќе спомнавме дека таа комбинација е лоша за луѓето кои страдаат од хипертензија. Кога купувате бисквити, гледајте во составот и бирајте ги оние со помала количина сол и шеќер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот