Фото: Миле Цеков / Фејсбук

Пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ќе делува како независен во Собранието

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, го напушти парламeнтарното мнозинство и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој во изјава за телевизијата „24“ вели дека во политиката влегол за да ја смени политиката, а не себеси, и дека е незадоволен од многу работи.

– По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат – вели Цеков за ТВ „24“ и додава дека е отворен за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

Во однос на уставните измени тој останува на ставот дека нема ништо против да се внесат Бугарите во Уставот и дециден е дека поддржува влез во ЕУ, но само со заштитен национален идентите.

– Мојот став е непроменет конзистентен и принципиелен, а тоа дека како демократ кој ги почитува човековите и малцинските права, апсолутно не сум против да бидат внесени Бугарите, Хрватите, Црногорците во нашиот Устав, но со заштитетни национални и идентитетски интереси. Повторувам со јасни заштитетни национални и идентитетски прашања. Исто така како демократ сакам мојата држава Македонија да влезе како полноправна членка во Европската Унија со јасен и чист македонски јазик култура и идентитет. Всушност тие теми не се за преговарање, тие се темелот на нашето постоење – изјави неодамна Цеков во интервју за „Локално“.

Цеков подолго време не се согласуваше со раководството на ЗНАМ и за повеќе законски решенија во Собранието гласаше спротивно од ставот на владејачкото мнозинство.

Максим Димитриевски за ставовите на пратеникот Миле Цеков: Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните

Пратеничката група на ЗНАМ по напуштањето на Цеков, ќе брои пет пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот