Познато е кој ќе биде домаќин на 96. доделување на Оскарите

Фото: Instagram / jimmykimmel

Џими Кимел ќе се врати на сцената по четврти пат како водител на престижното доделување на Оскарите, кое ќе се одржи според планираниот датум на 10 март 2024 година.

Познатиот водител и комичар ќе биде домаќин на 96. доделување на Оскарите, а неговата сопруга Моли МекНирни ќе биде извршен продуцент на телевизиската емисија.

„Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати“, се пошегува Кимел.

Инаку, Кимел беше домаќин на доделувањето на наградите во 2017, 2018 и 2023 година.

„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на Оскар на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти Раџ Капур и Кети Мулан.

Оскарите веќе неколку години немаат добра публика, а еден од начините да се врати преносот на церемонијата во златното доба кога го гледаа 50 милиони гледачи е доколку се избере познато лице како што е Кимел.

Овојпат доделувањето на оваа престижна филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечната парализа поради штрајкот на сценаристите и актерите.

Штрајкот, каков што не е забележан од 1960-тите, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и работниците во индустријата загрижена од стримингот и вештачката интелигенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот