Познати се сите двојки во осминафиналето на Светското клупско првенство
Светското клупско фудбалско првенство во САД влегува во нокаут фазата, а по групната фаза, време е да се одлучи кој е најдобар на планетата во елиминациските натпревари.
Препорачано
Во последните мечеви од групата Х, во третото коло Реал Мадрид дојде до втората победа над Ред Бул Салцбург со 3:0.
Стрелци на головите за „кралевите“ беа Винисиус, Валверде и Гарсија, а во вториот дуел од Ал Хилал со погодоците на Ал-Дасари и Маркос Леонардо славеше над Пачука (2:0).
На конечната табела Реал го освои првото место со седум бодови, пред Ал Хилал со пет. На третата позиција заврши Ред Бул Салцбург со четири бодови, а на дното остана Пачука без ниту еден освоен бод.
Во осминафиналето на 1 јули во Мајами играчите на Чаби Алонсо ќе играат против Јувентус кој беше второпласиран во групата Г.
Победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе игра против подобриот од средбата Борусија Дортмунд – Монтереј.
Светско клупско првенство 2025
Осминафинале, двојки –
Палмеирас – Ботафого (28 јуни, Филаделфија)
Бенфика – Челси (28 јуни, Шарлот)
Интер – Флуминенсе (30 јуни, Шарлот)
Манчестер сити – Ал Хилал (30 јуни, Орландо)
ПСЖ – Интер Мајами (29 јуни, Атланта)
Фламенго – Баерн Минхен (29 јуни, Мајами)
Реал Мадрид – Јувентус (1 јули, Мајами)
Борусија Дортмунд – Монтереј (1 јули, Атланта)


