Познати потенцијалните купувачи на Челси кои имаат рок до 18 април да достават понуди

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Банката „Рајн Груп“ која е посредник во продажбата на Челси ги извести четирите преостанати заинтересирани странки во наредните три недели да ги достават своите понуди.

Списокот на потенцијалните купувачи на актуелниот европски шампион е скратен на само четири субјекти и банката до нив испрати писмо во кое ги известува дека понудите мора да ги достават најдоцна до 18 април.

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека во наредниот период стручната комисија ќе ги разгледа понудите на купувачите.

Првата понуда е од сер Мартин Бротон и поранешниот директор на Ливерпул, Лорд Кое кои се поддржани од инвеститорите од САД, Џош Херис и Дејв Блицер како и од сопственикот на Сакраменто, Вивек Ранадив.

Следната понуда е од косопственикот на бејзбол тимот Лос Анџелес доџерс, Тод Боли, од англискиот инвеститор Џонатан Голдстин и американскиот инвестициски фонд „Клирлејк капитал“.

Третиот заинтересиран купувач е семејството Рикерс кое е сопственик на Чикаго кабс и американскиот милијардер Кен Грифин.

Последниот потенцијален купувач на Челси е Стефан Паљука кој е сопственик на НБА тимот Бостон селтикс. Останатите заинтересирани купувачи отпаднаа бидејќи се неподобни за инвестирање во англискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот