Познати деталите за погребот на Маринко Роквиќ: Семејството донесе важна одлукa

Маринко Роквиќ/Семејство
Маринко Роквиќ/Семејство

Според последните информации кои ги споделија српските медиуми, погребот на познатиот пејач на севдалинки, Маринко Роквиќ ќе биде на Новите бежаниски гробишта.

Погребот ќе се одржи во четврток, 11 ноември, во црквата Свети Апостол Тома на Новите бежаниски гробишта.

Семејството е свесно колку Маринко беше сакан и почитуван како човек, и поради тоа донесоа многу важна одлука.

„Поради големата почит на луѓето кон Маринко, неговиот погреб нема да биде во кругот на најблиските од семејството, туку ќе го испратиме сите заедно, со молба да се почитуваат сите епидемиолошки мерки“ – соопшти семејството Роквиќ.

Маринко ќе биде во вечното почивалиште на истото место каде што е и неговиот татко, кој бил настрадан во текот на војната во Босна и Херцеговина, приказна која пејачот со отворена душа ја раскажа во една прилика – пренесуваат српските медиуми.

Маринко Роквиќ почина на 6 ноември, по тешко и кратко боледување

Србија тагува по пејачот Маринко Роквиќ кој пред да почине изјави „ Не сум добро, семејството е покрај мене, ве молам за разбирање“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот