Фото: Instagram / kseniyaalexandrova

Позната манекенка и поранешна Мис Русија трагично загина на 30 години во тешка сообраќајна несреќа

Руската манекенка и поранешна Мис Русија, Ксенија Александрова почина од сериозни повреди здобиени во тешка сообраќајна несреќа на 30 години. Имено, таа пред неколку недели доживеала сериозна сообраќајна несреќа кога лос претрчал пред нејзиниот автомобил и ја пробил шофершајбната, пренесува „Росискаја газета“.

Ксенија претрпела тешки повреди на мозокот и починала од компликации во болница на 12 август. Сообраќајната несреќа се случи на 5 јули, а нејзиниот сопруг го возел автомобилот.

„Од моментот кога скокна до ударот, помина секунда. Немав време да направам ништо. Сè беше покриено со крв“, изјавил сопругот на Ксенија.

Тој се присети дека Александрова била во несвест по ударот.

Итните служби пристигнале во рок од 15 минути, а помош стигнала и од други возачи кои застанале. Ксенија набрзо била однесена во болница во Москва, но не можела да се опорави од последиците од сообраќајната несреќа.

Двојката се венча пред неколку месеци. Иако Ксенија е позната на јавноста по тоа што ја претставуваше Русија на изборот за Мис Универзум 2017 и како прва придружничка на изборот за Мис Русија претходно истата година, моделот постигна и академска кариера завршувајќи ги студиите по психологија на Московскиот државен универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот