Познат составот на новата грчка влада: Дендиас шеф на дипломатијата

Фото: Принтскрин

Денеска од Грција официјално беше соопштен  составот на новата грчка Влада, односно еба објеени имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас.

Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис

Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.

Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот